Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 27.03.2025 / 14:30

Поминаа повеќе од 11 години откако Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање по која никогаш повеќе не се појави во јавноста, а сега најновите информации ги објави новинарот Феликс Форнер, кој ја следеше кариерата на возачот.

Тој ја опиша ситуацијата како „многу тажна“ за седумкратниот шампион во Формула 1 и неговото семејство. Дури и информациите кои стигнуваат до јавноста се строго контролирани. Од декември 2013 година, кога Шумахер доживеа тешка несреќа, тој никогаш не се појави во јавноста.

Сепак, во средата овој новинар кој внимателно ги следеше сите успеси на Шумахер сподели информации.

„Ситуацијата е многу тажна. Тој има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели“, рече тој.

Истакна дека Шумахер веќе „не е способен вербално да комуницира“, потврдувајќи ги гласините што траат веќе неколку години.

Мик Шумахер, неговиот син, пред четири години изјави дека Михаел има проблем да зборува.

„Ќе имавме многу теми за разговор, би било одлично ако тоа беше можно“, рече тој.

Новинарот откри кој може да ја види легендата.

„Во моментов, најмногу 20 луѓе можат да го видат Михаел. И според мене, тоа е вистинската стратегија, бидејќи семејството дејствува во негов најдобар интерес. Тие отсекогаш биле многу заштитнички настроени кон неговата приватност и тоа не е променето“.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Ф1

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Read more

Верстапен избран за возач на годината во Формула 1

Read more

12 години од кобната несреќа на Михаел Шумахер на француските Алпи

Read more

Верстапен: Половина од тимовите би биле дисквалификувани доколку темелно се врши контрола по секоја трка

Read more
 

Спорт

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе