Хроника

Шура го нападнал со нож зетот оти мислел дека му ја разболел сестрата

19. мај 2017 - 14:15 | Макфакс

Четириесет и двегодишен жител на кичевското село Зајас бил ранет со нож од својот шура, по што со повреди во пределот на левото рамо и во левата натколеница бил пренесен во Клиничка болница Тетово.

Од извршениот разговор со А.А. било утврдено дека повредите со нож му ги нанел М.Д. (30) од с.Горно Строгомиште, кичевско. М.Д. сам се пријавил во полициската станица Тетово и го признал делото. Како причина за нападот ја навел здравствената состојба на неговата сестра Р.А. (сопруга на А.А.), која била на лекување на интензивна нега.

Во моменти на психичка растроеност, сметајќи дека А.А. е виновник за нејзината состојба, со ножот му задал два удари, по што избегал од местото на настанот.

СВР Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, кој од страна на јавен обвинител е квалификуван како кривично дело „убиство во обид“ по чл.123 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик на Република Македонија. 

Коментирај