Бројот на нови случаи на коронавирус во Швајцарија се зголеми за 17.440 за време на викендот, покажуваат податоците објавени денес од здравствените власти на таа земја.
Од почетокот на пандемијата, во Швајцарија и соседното кнежевство Лихтенштајн се заразени 121.093 лица.
Уште 37 лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи е 1.914.
Швајцарската влада размислува да воведе поостри ограничувачки мерки за забавување на ширењето на коронавирусот.
Швајцарскиот министер за здравство рече дека новите рестриктивни мерки објавени во средата веројатно ќе останат во сила за подолг временски период.