Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето. Референдумот се споредува со кампањата за брегзит во Обединетото Кралство, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот.

Поддржувачите на укинување на договорот велат дека тој ќе ѝ овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере имигрантите што сака да ги прими, додека противниците предупредуваат дека таквата здрава економија ќе се втурне во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани од слободата на живеење и работа низ цела Европа.

Швајцарската Влада ги повика гласачите да речат „не“ за напуштање на договорот на референдум, а министерката за правда Карин Келер Сатер процени дека тоа ќе создаде ситуација „полоша од Брегзит“.

Предлогот за раскинување на Договорот за слобода на движење на луѓето со ЕУ дојде од крајно десничарската антиимигрантска Швајцарска народна партија, која тврди дека на земјата мора да ѝ се дозволи да постави ограничувања на бројот на странци кои доаѓаат во Швајцарија

Сепак, анкетите предвидуваат дека предлогот нема да биде прифатен, а според едно истражување, 63 отсто од испитаниците се против тој предлог.

Швајцарија одамна одлучи да не влезе во ЕУ, но сака пристап до Европската зона за слободна трговија и сака да соработува со Брисел во области како што се транспортот, животната средина, истражувањето и образованието.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more

Шведска денеска гласа за намалување на старосната граница за промена на полот

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе