Шварценегер го посети Аушвиц: Не смееме да заборавиме што се случи овде

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер беше во посета на поранешниот нацистички логор Аушвиц во Полска и повика светот да се бори против омраза и дискриминација.

Седумдесет и петгодишниот актер е роден во Австрија како син на некогашен припадник на нацистичка партија, кој служел во германската војска во време на Втората светска војна.

Шварценегер и претседателот на Фондацијата на еврејскиот центар Аушвиц, Симон Бергсон, син на Евреи кои го преживеале холокаустот, се пример дека предрасудите можат да се избришат уште во идната генерација.

„Бергсон е роден по Втората светска војна во прекрасно еврејско семејство, а јас сум син на човек кој бил војник во нацистичка војска. Ние сме втора генерација и заедно се бориме против предрасудите, омразата и дискриминацијата“, изјави Шварценегер.

Над 1.1 милион луѓе, главно Евреи, починаа во гасните комори од глад, болести, замрзнување во Аушвиц во логорот што нацистите го воспоставија во окупираната Полска во текот на Втората светска војна.

Шварценегер му одаде почин на местото „Ѕид на смртта“ каде германските војници убиле илјадници луѓе во логорот, како и кај споменикот на жртви во логорот Биркенау.

Во текот на посетата се сретна и со Лидија Максимович која како тригодишно дете била доведена во логорот.

„Луѓето како неа ни помагаат никогаш да не престанеме да зборуваме за тоа што се случи овде пред 80 години. Приказната мора да остане жива, да не се заборави“, истакна актерот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе