ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

Шведска е првиот финалист на ракометниот Мундијал

Преполовени допатуваа во Египет, а еве сега ќе играат и финале откако Швеѓаните ја средија и Франција во првото полуфинале денеска.

Дојдоа на Мундијалот без осуммина стандардни ракометари поради позитивни тестови на COVID-19. Никој не ги ставаше во потесниот круг на фаворити токму поради резервниот состав на репрезентацијата.

Но, попладнево со 32:26 ја спречија Фрнација да се бори за седмата титула. Хампус Ванне беше незапирлив за Французите реализирајќи 11 голови од 13 удари, најмногу на паркетот. Кај Французите најмногу се истакна крилото Иго Дескат која реализираше 5 од 5. Кај голманите брилјираше шведскиот чувар Андреас Паличка со 11 одбрани.

URL

Шведска последен пат играше во финале на Мундијалот во Франција во 2001 година кога загуби од домаќинот по продолженија. Фактички, денешнава победа беше и слатка одмазда за тој натпревар пред точно 20 години.

URL

Во финалето, кое е закажано за в недела од 18:30 часот, Швеѓаните ќе играат со подобриот од вечерашниот дуел на Шпанија и актуелниот шампион Данска.

Шведска нема шампионска титула од 1999 година, кога токму во Египет во финалето ја совлада Русија. В недела ќе ја брка својата петта титула светски шампион.

Французите, пак, и овој пат потклекнаа на чекор до финалето и ќе играат за бронзата, исто како и пред две години кога беа трети. Затоа, пак, Франција 4 пати триумфираше на последните 6 Мундијали.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе