Шведска ги менува плановите: Ако дојде до криза или војна, се враќаат на плаќања во кеш

Швеѓаните, како и Норвежаните, решија да се прилагодат на ситуацијата и заканата што рускиот претседател Владимир Путин ја претставува за Европа.

Во средината на минатата деценија, Швеѓаните најавија транзиција кон безготовинско општество, во кое заедно со Норвежаните денес се лидери. Овие две земји имаат најнизок удел на готовина во оптек во однос на БДП, но времето кога започна оваа транзиција и денес се сосема различни. Зошто Швеѓаните ги менуваат плановите?

Имено, кога шведските банки го лансираа националниот систем за мобилно плаќање Swish во 2012 година, ретко кој можеше да замисли дека се наближува времето кога заканата од војна ќе се надвисне над Европа. Денес Украина е нападната, а во многу европски земји постои страв дека војната може да се прошири и во други земји, пишува The Guardian.

Ако тоа навистина се случи, јасно е дека постои страв од влијание врз енергетската инфраструктура, како и потенцијални хакерски напади врз важни системи, вклучувајќи ги и платните системи. Во такви ситуации, голема сума на сметката не значи многу ако не можете да пристапите до тие пари. Затоа е добра идеја секогаш да имате малку кеш со себе, советува The Guardian.

Ако има криза или војна

Додека владата претходно ја охрабруваше транзицијата кон општество во кое сите или речиси сите плаќања ќе се вршат бесконтактно или без готовина, брошурата што шведската влада ја испрати до своите граѓани кон крајот на минатата година наречена „Ако има криза или војна“, советува и користење готовина, како и подготовка на неделни залихи за „зголемување на подготвеноста“.

Шведската централна банка дури почна да работи на сопствена дигитална валута, е-крона, но тој проект заврши пред неколку години, а банката сега е фокусирана исклучиво на следење на глобалниот развој на дигиталните валути. Неодамнешниот извештај на централната банка нагласува дека со години приоритет на плаќањата беше ефикасноста, но сега ситуацијата е променета и безбедноста и пристапноста станаа „барем подеднакво важни“.

Исто така, на крајот на минатата година Владата објави препораки, кои според централната банка треба да се спроведуваат како задолжителни, според кои некои јавни и приватни агенции би морале да овозможат плаќање во готовина, а не само плаќање со картички и онлајн.

Нивните скандинавски соседи размислуваат слично како и Швеѓаните, па норвешката влада исто така препорача граѓаните секогаш да имаат одредена понуда на готовина, наведувајќи ја како причина ранливоста на решенијата за дигитално плаќање од сајбер напади.

Ако некогаш дојде до криза и војна (а се уште се надеваме дека сè ќе остане само закани), луѓето би можеле да се вратат на плаќање во готово, за што треба да се подготват сега. Иако повеќето ќе продолжат да плаќаат без користење готовина, веројатно сепак ќе подигнат дел од парите од своите сметки и како во старите времиња ќе ги кријат во плакари, фиоки или под душеци, пишува The Guardian.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе