Шведска ги спрема своите жители за војна

Скандинавската држава се подготвува одново да издаде памфлет кој за првпат беше печатен за време на Втората светска војна, а во кој се објаснува како треба населението да се однесува во случај на војна и воени услови.

Околу 5 милиони памфлети ќе бидат испечатени и поделени насекаде низ Шведска како одговор на воените движења кои Русија ги презема во последните неколку месеци.

Прирачникот, мудро насловен „Ако настане криза или војна“ ќе ги посоветува луѓето како да се однесуваат во случај на „тотална одбрана“ на државата, и ќе им понуди практични совети за тоа како да го обезбедат живеалиштето, да обезбедат вода и храна, па дури и каква облека да понесат во случај на евакуација.

Секако, прирачникот ќе биде приспособен за моменталните услови, иако концептот и дизајнот ќе биде сличен како оној од Втората светска војна.

„Шведскиот народ треба да биде подготвен за секаква закана, не само војската. Немаме употребено зборови како ‘тотална одбрана’ и ‘алармантна состојба’ веќе 30 години свеста е на многу ниско ниво кај граѓаните“, рече Кристина Андерсон, која го води овој проект.

Шведската влада стана загрижена поради воените екскурзии на Русија во последните години, нивната јавна поддршка на украинските сепаратисти, како и зголемениот број воени вежби кои руската армија ги извршува на територијата на Скандинавија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе