Шведска го повика Кулушевски, Македонија извиси

Откако во неколку наврати одбиваше да игра за Македонија, Дејан Кулушевски сега го чека деби настап за Шведска што според правилата на ФИФА ќе значи дека никогаш повеќе нема да може да игра за македонската репрезентација.

Уште еден Македонец ѝ даде корпа на Македонија. Од татко Македонец, мајка Македонка, но роден во Шведска, фудбалерот Дејан Кулушевски одбра да глуми викинг.

Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Јане Андерсон, го повика „нашиот“ играч за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2020 кои Шведска ќе ги игра против Романија дома и Фарските Острови на гости.

Иако има само 19 години, Кулушевски одлично игра сезонава за Парма во Серија А. Нашиот селектор Игор Ангеловски пробуваше да го вметне во македонската репрезентација, но „Швеѓанецот“ упорно одбиваше да заигра реамо до рамо со Пандев, Несторовски, Елмас, Адеми, Димитриевски и останатите.

Доколку Кулушевски настапи и неполна минута на било кој од овие два квалификациски натпревари, според законите на ФИФА тоа ќе значи дека тој никогаш повеќе не ќе може да заигра за друга репрезентација, во случајов Македонија.

Кулушевски настапуваше за македонската репрезентација до 16 години, но потоа одлучи среќата да си ја бара во младинските категории кај Швеѓаните. Последиве година дена играше за нивната репрезентација до 21 година.

Пред две и пол недели, кога неговата Парма гостуваше кај Џеноа на Горан Пандев, тој дојде до нашиот капитен за да се поздрави. Очигледно никогаш нема да види како е да се игра крај играч од калибарот на Пандев, наместо тоа ќе игра крај Свенсони, Бергови, Олсони, Јансони и други викинзи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе