Шведска испрати брод за да го испита истекувањето на Северен поток

Шведска испрати нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичко Море за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас преку таа рута.

Европските власти се сомневаат дека експлозијата во близина на шведските и данските води е саботажа, што Москва набрзо се обиде да ја препише на Западот, посочувајќи дека САД имаат корист од тоа.

„Крајбрежната стража е одговорна за мисијата, но ние ги поддржуваме со единици. Ќе го именуваме само ХМС Белос, кој е спасувачка подморница и брод за нуркање“, изјави  портпаролот на шведската морнарица Џими Адамсон.

Шведската крајбрежна стража соопшти дека „Северен поток 1“ престанал да тече, но резултатите од прелетот сугерираат дека гасот сè уште тече од „Северен поток 2“ и излегува на површината во радиус од 30 метри.

Кремљ повторно обвини дека Западот е виновен за експлозијата, порачувајќи дека САД поради тоа би можеле да ја зголемат продажбата и цената на својот течен гас.

Вашингтон остро негира каква било вмешаност.

Европските земји се сомневаат во саботажа, но одбија да кажат кој стои зад тоа.

Северен поток 2, кој ги поврзува Русија и Германија, никогаш не бил оперативен. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе