Шведска се откажува од истрагата за Асанж?

Шведска наскоро би можела да го повлече налогот за апсење на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кој во оваа земја се сомничи за силување. Имено, директорката на Јавното обвинителство на Шведска изјавила дека властите побарале од судот да го повлече налогот за апсење на Асанж и да биде завршен седумгодишниот процес кој се води против него.

„Главната обвинителка Маријан Нај денеска одлучи да ја прекине прелиминарната истрага за наводното силување за кое е осомничен Асанж“, се наведува во соопштението испратено од канцеларијата на обвинителката.

Џулијан Асанж стана планетарно познат откако Викиликс објави доверливи документи на Пентагон поврзани со Авганистан..

Асанж и претходно преку Викиликс објавуваше доверливи документи, но во врска со Авганистан објави 90.000 документи кои им станаа достапни на сите, а тој стана во исто време и херој и предавник.

Откако документите за Авганистан беа објавени, против Асанж во Шведска беше покрената истрага поради обвиненија за силување и сексуално вознемирување и тогаш беше издаден налог за негово приведување.

Тој одби да им се предаде на властите бидејќи стравуваше дека ќе биде екстрадиран во САД, чии правосудни органи исто така бараат негово приведување. САД сметаат дека со објавувањето на документите, Асанж ѝ наштетил на американската национална безбедност.

Оттогаш Џулијан Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе