Властите во Шведска наредиле да се подготват стотина бункери во страв од нуклеарен напад од Русија, пренесува Independent.
Според весникот, властите наложиле повеќе од 350 бункери наменети за граѓаните да бидат подготвени во случај на нуклеарен напад. Одлуката била донесена откако шведските безбедносни структури предупредиле дека постои реална закана по безбедноста на земјата.
Иако претставниците на власта не ја спомнаа Русија, се верува дека оваа безбедносна мерка се спроведува поради зголемената напнатост во тој дел на Европа. Затоа Швеѓаните одлучиле бункерите кои се наоѓаат на островот Готланд во Балтичко Море да бидат подготвени за секој случај.
Во нив можат да бидат сместени 35.000 луѓе, иако на островот живеат скоро 60.000 луѓе. Бункерите се направени во периодот на Студената војна.