КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Шведска заринка во Грузија, Роналдо без муниција во Ирска

Квалификациските натпревари од четврток на Стариот континент не донесоа нов патник за Катар, но некои репрезентации ги ставија во далеку поповолна позиција пред последното решавачко коло закажано за в недела.

Група А

Ирска - Португалија 0:0
Црвен картон: 82' Пепе (П)

Уште еднаш Португалците се намачија со Ирска, но овој пат, за разлика од претходниот кога со пресврт победија, не успеаја да постигнат гол. Нервозата на Кристијано Роналдо поради немоќта да се пробие ирскиот гол беше сосема непотребна бидејќи и без победа Португалија е сепак во поволна позиција бидејќи има подобра гол-разлика од Србија на која во последното коло во директниот дуел секако ѝ треба само победа.

Азербејџан - Луксембург 1:3
82' Азарт Салахли - 67', 90'+1 Жерсон Родригеш, 78' Себастјан Тил
Црвен картон: 21' Телур Муталимов (А)

Натпреварот за престиж во Баку го доби Луксембург кој е на прагот да го направи својот најголем успех доколку во последното коло успее да го сочува 3. место, на кое никогаш порано не завршил.

Табела:
  1. Португалија (7) 17 16:4
  2. Србија (7) 17 16:8
  3. Луксембург (7) 9 8:15
  4. Ирска (7) 6 8:8
  5. Азербејџан (8) 1 5:18

Последно коло (недела):
Португалија - Србија
Луксембург - Ирска

Група Б

Грузија - Шведска 2:0
61', 77' Квича Хварацхелиа

Веројатно дури ни самите Грузијци не веруваа во ваков развој на настаните. Моќната Шведска со Златан Ибрахимовиќ во тимот не успеа ниту да постигне гол против репрезентацијата која Македонија ја елиминираше во финалниот бараж за пласман на ЕУРО пред точно една година. Талентираниот Хвича Хварацхелиа со два гола им пресуди на Швеѓаните кои сега наместо од првата позиција во завршницата ќе влетаат како втори, а ќе имаат невозможна мисија да слават на гости кај Шпанија.

Грција - Шпанија 0:1
26' (п) Пабло Сарабиа

Грците успеаја да ѝ откинат бод на Шпанија на гости, но дома не успеаја да го повторат истото. Ниту на Шпанија не ѝ беше ленсо, а трите и тоа како важни бода дојдоа од белата точка поради фаулот на Димитрис Јанулис.

Табела:
  1. Шпанија (7) 16 14:5
  2. Шведска (7) 15 12:5
  3. Грција (7) 9 7:7
  4. Грузија (8) 7 6:12
  5. Косово (7) 4 4:14

Последно коло (недела):
Шпанија - Шведска
Грција - Косово

Група Х

Русија - Кипар 6:0
4', 87' Александр Ерохин, 55' Фјодор Смолов, 56' Андреј Мостовој, 62' Алекс Сутормин, 82' Антон Заболотњи

На „Зборнајата“ ѝ требаше било каква победа, но се истурија врз немоќните Кипрани. На полувреме беше само 1:0, а во вториот дел Русите дури пет пати ја затресоа противничката мрежа. Работата е далеку од завршена бидејќи за да го задржат првото место треба в недела да останат непоразени на гости кај Хрватска.

Малта - Хрватска 1:7
31' (аг) Марцело Брозовиќ - 6' Иван Перишиќ, 22' Дује Чалета-Цар, 39' Марко Пашалиќ, 45'+1 Лука Модриќ, 47', 64' Ловро Мајер, 53' Андреј Крамариќ

И Хрватска беше немилосрдна кој својот противник и броеше до седум гола. Но, тоа не го менува фактот дека доколку сакаат да го избегнат незгодниот бараж во последното коло ќе мора да ја победат Русија.

Словачка - Словенија 2:2
58' (пен) Ондреј Дуда, 74' Давид Стрелец - 18' Миха Зајц, 62' Миха Мевља

Борбата за третата позиција, која не носи ништо освен престиж, ќе се решава во последното коло бидејќи во Трнава дојде до поделба на бодовите. Словенците на двапати водеа, но Словаците успеваа да израмнат.

Табела:
  1. Русија (9) 22 19:5
  2. Хрватска (9) 20 20:4
  3. Словачка (9) 11 11:10
  4. Словенија (9) 11 11:11
  5. Малта (9) 5 9:24
  6. Кипар (9) 5 3:19

Последно коло (недела):
Хрватска - Русија
Малта - Словачка
Словенија - Кипар

Ј група

Ерменија - Македонија 0:5
22' Александар Трајковски, 36', 67' (п), 90' (п) Енис Барди, 79' Милан Ристовски

Македонската репрезентација синоќа им подари убав фудбал и резултат на своите симпатизери, како никогаш досега толчејќи ја Ерменија против која победа на гости немавме од 2005 година. Во последното коло судбината си ја решаваме сами бидејќи доколку го совладаме Исланд дома нема да зависиме од другите резултати.

Романија - Исланд 0:0

Македонските фудбалски вљубеници синоќа будно го гледаа и преносот од овој натпревар страсно навивајќи за Исланѓаните, кој успеаја да дојдат до реми и да ни направат услуга. Романија падна на 3. место и во бараж може да се пласира само доколу Македонија не победи в недела, додека Романија се очекува да запише сигурна победа против слабиот Лихтенштајн.

Германија - Лихтенштајн 9:0
11' (п) Илкај Ѓундоан, 20' (аг) Даниел Кауфман, 22', 49' Лирој Сане, 23' Марко Ројс, 76', 86' Томас Милер, 80' Ридле Баку, 89' (аг) Максимилиан Гепел
Црвен картон: 9' Јенс Хофер (Л)

Кај гостуваа кај машинеријата Гермнаија, па уште во 9. минута останаа со играч помалку. Судбината на Лихтенштајн беше однапред испишана, малата репрезентација прежалена, а само чудо ги спаси од двоцифрен пораз.

Табела:
  1. Германија (9) 24 32:3
  2. Македонија (9) 15 20:10
  3. Романија (9) 14 11:8
  4. Ерменија (9) 12 8:16
  5. Исланд (9) 9 11:15
  6. Лихтенштајн (9) 1 2:32

Последно коло (недела):
Лихтенштајн - Романија
Ерменија - Германија
Македонија - Исланд

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе