Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на внуците

Шведскиот крал  Карл Густав одлучи да го укине кралскиот статус на неговите пет внуци за да ги намали парите кои даночните обврзници ги издвојуваат за членовите на кралското семејство, пренесува BBC.

Одлуката значи декан неговите внуци нема да ја носат кралската титула и нема да вршат службени должности. Тие сепак ќе останат членови на кралското семејство и ќе ја задржат титулата војвода и војвотка. Оваа одлука нема да влијае на двајцата кралски внуци кои се во директна линија за наследник на престолот, принцезата Естел и нејзиниот помлад брат, принцот Оскар. Упатените велат дека овој потег го одразува мислењето на пошироката јавност дека нема потреба да се плаќа за толку членови на кралското семејство за вршење на службена должност.

Така, кралските внуци повеќе нема да примаат годишен џепарлак од буџетот.

Родителите на петте деца исклучени од кралски должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг на социјалните мрежи ја поздравија одлуката на кралот. Тие сметаат дека ова ќе им помогне на децата да продолжат со нормален приватен живот.

Шведското кралско семејство е првото кое ги измени правилата за наследство во 1980 година, по кои наследник на круната е првороденото дете, без разлика на полот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе