Швеѓаните почнаа бојкот на американски производи

Серијата движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија во Украина и царините за европските производи. Застапниците на бојкотот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.

Вакви движења за бојкот на производите од САД има и во Шведска, а се организирани преку социјалната мрежа Facebook. Имено, на Facebook се формирани групите „Boykot varer fra USA“ која обединува 67.000 корисници на оваа социјална мрежа и „Bojkotta varor från USA“ која собира повеќе од 70.000 корисници.

Од Швеѓаните се бара да не купуваат производи и услуги од некои од водечките американски брендови, вклучувајќи ги McDonald's, Coca-Cola, Nike, Levi's, Netflix, Google и Airbnb

Јанике Кохинур, креаторката на групата „Bojkotta varor från USA“, рече дека се чувствува должна да го стори тоа, иако е шведска државјанка.

„Бидејќи не можам да гласам на американските избори и да протестирам на американските улици, почувствував дека морам да направам нешто“, рече Кохинур.

Нејзината страница споделува препораки за алтернативни производи на американските, но за некои не е лесно да се бојкотира.

„Тешко е бидејќи сè има американско влијание. Така што е навистина тешко. Тогаш треба да бојкотирате речиси сè“, напишал еден од членовите на споменатата група на Facebook.

Понатаму, еден член напиша дека ја разбира иницијативата, но призна дека може да биде тешко да се убедат луѓето да ги бојкотираат американските производи бидејќи кога купуваат, тие можеби не размислуваат од каде доаѓаат тие производи.

Кохинур истакна дека била критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки конгломерат Meta. Сепак, како што наведе таа, нема подобра алтернатива и дека луѓето ќе мора да се менуваат како што ќе се појават алтернативите, пишува Euronews.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Свет

Детален извештај: Зошто снема струја во Шпанија?

Read more

Да не остане покусо од Путин: И Зеленски праќа делегација на преговорите

Read more

Драма над Балтикот: Блиска средба на руски и НАТО авиони поради танкер

Read more

ЕУ со нов данок сака да го отплати долгот од пандемијата

Read more
 

Вести

Хемикалии се излеаја од објект во Пинтија

Читај повеќе

Детален извештај: Зошто снема струја во Шпанија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Да не остане покусо од Путин: И Зеленски праќа делегација на преговорите

Читај повеќе

Таравари официјално поднесе оставка

Читај повеќе

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Читај повеќе
  • filter

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма над Балтикот: Блиска средба на руски и НАТО авиони поради танкер

Читај повеќе

Од полноќ нова цена на дизелот

Читај повеќе

ЕУ со нов данок сака да го отплати долгот од пандемијата

Читај повеќе