Милиони луѓе ширум светот во последните неколку дена направија профил на апликацијата за размена на пораки Signal, со што оваа апликација стана најбараната во светот.
Според официјалните податоци, во периодот од четврток до недела, апликацијата била инсталирана повеќе од 7,5 милиони пати.
Откако сопствениците на WhatsApp ги изменија условите за употреба на апликацијата и ја нарушија приватноста на многу корисници и нивните лични податоци, многу луѓе ја сметаат апликацијата Signal како идеална алтернатива.
Контроверзниот Елон Маск на Twitter ги повика граѓаните да ја користат оваа апликација.
Интересен е фактот што сопственикот на Signal е коосновачот на WhatsApp, Брајан Актон, кој ја напушти оваа компанија во 2018 година.