Сијарто: ЕУ ќе го загуби Западен Балкан

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто изјави денеска доколку ЕУ не преземе чекори за проширување, би можело да го загуби Западен Балкан.

Сијарто на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург изјави дека политиката на проширување е една од најважните политики на ЕУ.

Според неговите зборови, Унијата ќе води „политики спротивни на нејзините интереси“ доколку не успее да ги забрза преговорите за Србија и Црна Гора и ако го одложи почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Тој истакна дека на ЕУ повеќе ѝ е потребен Западен Балкан отколку што на Западен Балкан му е потребна ЕУ и додаде дека губењето на тој регион може да биде лошо сценарио.

Сијарто изјави дека наскоро би требало да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Но, и покрај охрабрувачките тонови и обидите да се убеди Бугарија да го тргне непринципиелното вето за Северна Македонија, Скопје и Тирана повторно остануваат пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што јави МИА утрово, дискусијата за проширувањето и посебно за Северна Македонија била бурна на денешниот Совет за општи работи на ЕУ. Германија, Словачка и бројни други земји инсистирале Бугарија да го отстрани ветото за Северна Македонија кое почива врз билатерален конфликт и за кое ЕУ смета дека не му е место во ЕУ.

Продолжете со читање: Џабе бурната дискусија, Македонија повторно извиси за ЕУ

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе