Сијарто: Вашето место е во ЕУ, Унгарија ќе стори сѐ тоа побрзо да се случи

Унгарија е безусловен и посветен поддржувач на евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Дадовме безусловна поддршка и за вашето членство во НАТО, и сметаме дека вашето место е во Европската Унија, која не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан, и тоа е од обостран интерес, како за ЕУ така и за вас, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, на заедничката прес-конференција со шефот на диломатијата Бујар Османи.

Сијарто рече дека во следниот период ќе направат се, со цел земјава што побрзо да стане членка на ЕУ.

– Се надевам дека сите земји-членки ќе го имаат предвид интересот на ЕУ, а тој интерес е државите од Западен Балкан станат што побрзо членки на Унијата. Ако тоа зависи од нас тогаш вие ќе станете многу брзо членка на ЕУ, и еврокомесарот Вархеји и Владата на Унгарија сме посветени поддржувачи на вашите евроатлантска интеграција и се надеваме дека во иднина нема да има потреба за поставување на никакви методолошки прашања во овој процес, рече тој.

Сијарто, уште еднаш, го нагласи противењето на Унгарија за обременување на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ.

Сијарто денеска на Османи му предаде донација од шест илјади дози од вакцината AstraZeneca, што ќе биде наменета пред сѐ за припадниците на Граничната полиција во состав на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

– Унгарската донација од е израз на благодарност на Унгарија за успешната соработка и улогата која нашата гранична полиција ја има во одржувањето на заедничката европска безбедносна политика. Овој пред сѐ хуман гест претставува и признавање за придонесот на нашата држава во справување со миграциските и безбедносните предизвици, кои сѐ уште се актуелни  и преставуваат отворено прашање за земјите членки и за цела Европа. Токму двете земји, преку својата соработка, даваат заеднички придонес кон стабилноста на целиот европски континент, истакна Османи.

Во однос на евро-интегративниот пат на Северна Македонија, Османи и Сијарто разменија мислења за внатрешните политички процеси поврзани со реформската агенда, но и за состаноците во Брисел каде на различни нивоа во ЕУ беше разгледувано европското досие на нашата земја.

Министрите се согласија дека Северна Македонија е кредибилен партнер на ЕУ и притоа многу често извршува улога и учествува како составен дел на системот и механизмите на Унијата. Во тој контекст, операционализација на веќе донесената одлука за почеток на преговорите, би требало да биде следниот логичен и симболичен чекор за валоризација на постигнувањата на државата.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивирањето на билатералната соработка, беше постигната согласност за меѓусебно признавање на националните COVID-19 сертификати со цел овозможување на непречено транзитирање и влез на вакцинираните граѓани на двете земји, како важна мерка за нормализација на состојбите во една нова пост-пандемиска фаза.

За време на посетата на Сијарто се потпиша и Договор за соработка во областа на културата заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе