Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Макфакс
/ 31.12.2024 / 12:08

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.

Новата година е момент да се направат многу нешта во пријатна атмосфера, но и момент да се потсетиме дека некои храбри луѓе бдеат над нашата благосостојба. Новата година секогаш буди оптимизам, надеж и раѓа нови можности, напиша во новогодишната честитка претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол: една гранка лесно се крши, но кога десет гранки ќе се сплотат, тоа е невозможно.

Живеејќи во свет на искривени вредности, да испратиме пораки дека заедно сме посилни и посреќни. Да им подадеме рака и на немоќните, на лицата коишто живеат на маргините, потребни сме им, но и тие нам. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите ̶ поддршка, а младите ̶ инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина.

Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице, да ја кажеме нашата долговековна приказна, да веруваме во нашиот македонски сон“, пишува претседателката.

И како човек и како претседателка, како што вели, верува дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот.

„Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води.

Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат“, порача претседателката Сиљановска-Давкова.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Свет

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Read more

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Подморница со руски туристи потона во Египет, загинаа шест лица

Read more
 

Вести

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе