УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Силекс неносител во ЛШ, жрепката в недела

Филип Здравески
/ 04.08.2020 / 10:37

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите ќе стартува од позиција на неносител, односно ќе добие условно кажано посилен противник.

После 22 години, односно по летото 1998 година Силекс повторно ќе учествува во Лигата на шампионите. И тоа не како шампион на Македонија, туку поради склоп на околности. Имено, првенството 2019/20 во македонската Прва лига се прекина поради пандемијата со коронавирусот, не заврши, а ниту се прогласи шампион (иако некои неточно тврдат дека Вардар е шампион). Со одлука на ФФМ, учесниците во европските купови беа одредени согласно пласманот на табелата во моментот на прекин, според кој Силекс требаше да игра во Лига Европа. Но, првопласираниот Вардар поради огромните финансиски долгови не успеа да обезбеди УЕФА лиценца, па местото во Лигата на шампионите отиде кај второпласираниот Силекс.

Жрепката в недела во Нион на Силекс ќе му го донесе противникот со кој ќе се бори за изненадување. Според коефициентите на УЕФА, кратовци ќе играат против еден од следниве тимови:

Селтик (Шкотска)
Астана (Казахстан)
Лудогорец (Бугарија)
Црвена звезда (Србија)
Карабаг (Азербејџан)
Легија (Полска)
Макаби Тел-Авив (Израел)
Молде (Норвешка)
Шериф (Молдавија)
Клуж (Романија)
Ференцварош (Унгарија)
Дундалк (Ирска)
Слован (Словачка)
Судува (Литванија)
Омонија (Кипар)
Сарајево (Босна и Херцеговина)
Динамо (Грузија)

Доколку Лион и Наполи во актуелната сезона која ќе се доигра месецов бидат елиминирани во осминафиналето, можно е да дојде до промени со кои Омонија и Црвена звезда ќе го скокнат првото коло и ќе почнат од вгорото. Во тој случај, можен противник на Силекс ќе стане и луксембуршкиот претставник Фола.

Ова ќе биде трето учество на Силекс во Лигата на шампионите, а претходно во двата обида се соочи со брза елиминација уште во првото коло. Првиот пат во 1997 година беше елиминиран од израелски Бејтар со победа 1:0 и пораз 0:3 во Ерусалим, а наредната сезона одигра 0:0 со белгиски Бриж и потоа загуби 1:2 на гости. Интересно, тогаш Силекс своите натпревари ги играше на својот стадион во Кратово, но сега, 22 години подоцна, согласно модерните правила на УЕФА за стадионите, кратовци можат да играат единствено на „Тоше Проески“ арената во Скопје, единствен стадион во државава кој ги исполнува УЕФА критериумите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе