УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Силекс против шампионот на Азербејџан во квалификациите за ЛШ

Филип Здравески
/ 09.08.2020 / 13:37

Македонскиот претставник Силекс за противник во 1. квалификациско коло од новата сезона во Лигата на шампионите го доби азербејџански Карабаг.

Моментот кога беше извлечен Силекс

Исто како и со македонското првенство, и азербејџанското не се доигра како резултат на пандемијата со коронавирусот. Но, Асоцијацијата на фудбалските федерации на Азерјџан, за разлика од ФФМ, го прогласи првопласираниот тим за шампион и воедно учесник во квалификациите за Лигата на шампиони.

Така, екипата на Карабаг седми пат по ред е шампион на својата земја, или вкупно 8, а денеска жрепката во Нион одлучи токму овој тим да биде противник на нашиот Силекс во 1. коло од квалификациите за новата сезона на Лигата на шампиони.

Со оглед на згуснатиот календар и пандемијата која сè уште трае, нема да се игра по стандардниот систем дома-гости туку ќе се игра еден натпревар, а жрепката одлучи домаќин да биде Карабаг. Натпреварот ќе се игра на 18-ти или 19-ти овој месец со тоа што доколку во регуларните 90 минути нема победник ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а потоа и пенали доколку сè уште е нерешено. Во зависност од ситуацијата со вирусот во Азербејџан, УЕФА може да одлучи натпреварот да се одигра на неутрален терен.

Силекс се здоби со право да ја претставува Македонија во Лигата на шампионите на местото на првопласираниот Вардар кој не доби УЕФА лиценца.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе