Регион

Силен земјотрес почувствуван во Албанија

12. август 2019 - 19:19 | МИА

Тирана, 12 август 2019 (МИА)  – Силен земјотрес со магнитуда на ударот од 4,1 степени според Рихеровата скала попладнево ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на земјата.

Потресот најмногу се почуствувал во областа Фуше-Арз, оддалечен само неколку километри од епицентарот, пренесе весникот Gazeta Express.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните од ова подрачје, а многумина, како што се наведува, ги напуштиле своите домови.

Коментирај