Силен земјотрес во Егејското Море

Рано утрово во Егејското Море, во близина на популарните грчки и турски туристички дестинации, бил почувствуван силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

На грчкиот остров Кос според наводите на локалните власти најмалку две лица загинале, а околу 100 биле повредени, пренесе агенцијата Reuters.

Од спротивната страна во турскиот туристички центар Бодрум околу 70 повредени лица биле хоспитализирани.

Земјотресот се случил околу 1:30 часот и бил на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Грчките власти на островот Кос испратиле хеликоптери за да можат повредените да бидат пренесени на поголемиот остров Родос.

Во Турција локалните власти го предупредија населението дека е можно да следуваат помали потреси со информација дека земјотресот не предизвикал поголема материјална штета.

На овој земјотрес му претходеше силниот земјотрес во турското летувалиште Мармарис со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил синоќа во 22:21 часот. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе