Силен земјотрес во Ирак и Иран, над 200 мртви

Најмалку 214 лица загинаа,а повеќе од 2.800 се повредени во силен земјотрес што погоди област на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах.

Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинаа најмалку 207 лица, а повеќе од 2.500 се повредени. Иранските власти наведуваат дека бројот на жртви може дополнително да порасне, бидејќи спасувачките екипи се уште не пристигнале на дел од пооддалечените подрачја.

Земјотресот бил почувствуван во неколку ирански провинции, а најтешко го погодил Керманшах, каде е прогласена тродневна жалост. Во оваа област загинаа најмалку 142 лица, а најголемата болница е многу оштетена, така што на повредените не може да им биде пружена лекарска помош.

Земјотресот бил почувствуван и во Ирак, каде најмалку седум лица загинаа во делот на Курдистан, изјави курдскиот министер за здравство. Ирачките здравствени и локални власти наведуваат дека 321 лице е повредено во областа на Курдистан, а најпогоден е градот Дурбандикан.

Медиумите различно известуваат за интензитетот на земјотресот. „Ројтерс“ наведува дека се работи за земјотрес од 7 до 7,9 степени според Рихтер. „Тасс“, повикувајќи се на Европскиот  сеизмолошки центар наведува дека се работи за земјотрес од 7, 4 степени, а други известуваат дека земјотресот бил со јачина од 7, 5 степени според Рихтер.

Неколку ирански и ирачки градови се без електрична енергија, а од страв од нови потреси илјадници луѓе останаа на улиците.

Иранскиот сеизмолошки центар регистрираше 50 последователни потреси.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе