Силен земјотрес во Турција, повредени и материјална штета на грчкиот остров Самос

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ја погоди западна Турција и предизвика голема материјална штета во Измир и околните градови.

Разорниот земјотрес е со епицентар во Егејското Море, пред Сеферихиса, во турската провинција Измир. Земјотресот се случи во 14:51 часот по локално време.

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) пренесе дека загинале најмалку четири лица, а повредени се 120 луѓе.

URL

Градоначалникот на општина Измир, Тунч Сојер, исткана дека добиле пријава дека се урнале околу 20 згради.

 

Remote video URL
Земјотресот е почувствуван и во Грција

Најмалку четворица повредени, материјална штета на објекти и излевање на морето, е првичниот неофицијален биланс од силниот земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер на грчкиот остров Самос, јави дописничката на МИА од Атина.

Управителот на болницата на Самос, за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека четири лица се полесно повредени.

Локалното население е на улиците, морето ги поплави крајбрежните делови на островот, а сеизмолозите предупредуваат за последователни земјотреси и можност за мало цунами.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција преку бројот за итни случаи 112, испратија порака до жителите на Самос и повик да избегнуваат опасни објекти, да останат на отворено, да не ги користат телефоните непотребно, да останат подалеку од плажите, да ги следат медиумите и дека постои опасност од големи бранови.

Remote video URL

Силниот земјотрес беше почувствуван речиси во сите делови на Грција и во Атина иако е на голема оддалеченост од епицентарот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе