Silent-Yachts претстави луксузна јахта со дрон и подморница

Купувачите на суперјахтата Silent 120 Explorer ќе можат да преминуваат океани, да летаат и да ги истражуваат длабочините.

Австрискиот производител на соларни бродови Silent-Yachts најави соработка со компаниите VRCO и U-Boat Worx во рамки на која новото луксузно пловило Silent 120 Explorer ќе биде понудено со дрон за човечки екипаж и мини подморница.

Оваа суперјахта долга 36,7 метри и широка 13,85 метри може да се движи со брзина од 6 до 8 јазли во режим на продолжено крстарење, односно 16 јазли при полна сила, а сето тоа благодарение на електричниот погон од 340 kW, кој го покренуваат литиумјонски батерии од 800 kW кои се напојуваат преку соларни панели од 40 kW на самиот кров, што на ова пловило му дава потенцијално неограничен домет.

Сепак, производителот мислел на сѐ, па доколку батериите не можат да ги задоволат потребите на имотните корисници, има и три генератори на внатрешно согорување кои ќе дадат поддршка доколку има потреба.

Silent-Yachts веќе почна со изработка на првата суперјахта која ќе се најде во вода наредната година и за која велат дека речиси и да не бара одржување благодарение на најсигурниот морски погон без емисии. Производителот исто така се фали со нечујно работење, како и можност за преминување океани, додека купувачите благодарение на гаранцијата ќе бидат сигурни дека батериите нема да потфрлат барем 8 години, како и дека соларните панели ќе траат дури 25 години.

Фото галерија

Бидејќи електричниот погон е главен приоритет на производителот, тука се и соодветни електрични играчки за целосна авантура која овој луксузен катамаран ја нуди - подморница и дрон.

Производителот во соработка со компанијата U-Boat Worx на купувачите им обезбеди можност на своите патувања да го носат и NEMO, подводно возило кое може да го истражува морското дно до 100 метри во длабочина, како и сите суштества кои се наоѓаат во рамки на таа метража. Во оваа минијатурна подморница можат да влезат двајца и да минат дури 8 часа под површината.

За сопствениците да можат да се забавуваат во воздух, тука е eVTOL леталото на компанијата VRCO. Наречен XR4, овој електричен дрон нуди 4 седишта за патници, може да лета со брзина од 296 км/ч, а неговата автономија е максимално 1 час. Некои од дополнителните функции вклучуваат летање со помош на автопилот, ситем за падобрани за евакуација, како и технологија за спречување пад и судир. Дронот е стациониран на врвот на јахтата така што соларните панели се отвораат и откриваат хелиодром.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе