Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Државната изборна комисија ѝ го издаде Уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71. роденден.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, врачувајќи ѝ го Уверението на Давкова, од име на Комисијата ѝ посака успешен мандат како шеф на државата.

Претходно, на седницата во ДИК беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето на изборите на 8 мај.

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47 отсто.

Силјановска Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој има 251.899 гласови.

ДИК ќе треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат. Мандатот на Пендаровски истекува утре.

реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Македонија

Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Read more

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Read more

Ќе нема струја во делови од Центар, Кисела Вода и Карпош

Read more
 

Вести

Невиден скандал ја тресе Србија, Вучиќ дава бизарни изјави

Читај повеќе

Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни

Читај повеќе

ЕУ воведува нови правила за Airbnb и Booking

Читај повеќе

Нов меѓународен проект за соработка во Западен Балкан и Република Молдавија ја поддржува ЕУ-интеграцијата преку унапредување на системите за интелектуална сопственост

Читај повеќе
  • play_arrow

Илјадници луѓе бегаат од пожарот во Калифорнија, огнот брзо се шири

Читај повеќе

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Читај повеќе

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Читај повеќе