Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби Северна во името на државата.

При давањето на заклетвата повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска Давкова употребуваше само Македонија.

Со тоа, Силјановска официјално беше инагурирана како шести претседател на државата од нејзиното осамостојување.

Давкова по заклетвата се обрати пред пратениците, а говорот во најголем дел им го посвети на жените.

Новата претседателка на почетокот кажа дека нејзините зборови се во битка со емоциите, и не можела да замисли дека ќе ја добие довербата на повеќе од 500.000 гласачи, а единствениот кој тврдел дека ќе дојде до таков резултат бил првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кому му се заблагодари што верувал во неа.

Сепак, како што истакна Силјановска Давкова, таа ќе ја оправда довербата, но не заради одговорност или долг кон партија или политика. Вети дека ќе биде претседателка и на левата и на десната страна во парламентот и на сите граѓани и нема да прави разлика помеѓу нив по било која основа.

„Време е за единство. Единствното може да значи и женска филозофија, женска автентичност. Како жени, умееме да се грижиме не само за себе, туку пред сè за сите останати. Првите честитки стигнаа од жени. Имавме прекрасен женски разговор со претседателката на Словенија. Роденденот го поминав со амбасадорката на САД, исто во еден женски разговор. Тоа се нешта кои ќе ги носам со себе“, рече Силјановска Давкова.

Најави дека во нејзиниот мандат, кога ќе предлага членови на судски совет и уставен суд, ќе трга од стручноста и компетентноста.

Рече и дека жените се на функции каде се ценат стручноста и компетентноста, но за жал ги нема во политиката, каде досега сме немале жена премиерка, жена претседателка, или претседателка на законодавниот дом.

„На Западен Балкан сè уште е жив патријархатот. Силните жени на поинаков начин можат да ги решаваат проблемите. Цврсто верувам во тоа. Оваа држава, не ја бранеле или не ја имаме само благодарение на комитите, туку и комитките, не само партизаните, туку и партизанските. Многу храбри и умни жени сме виделе во овој парламент,но се чудев зошто немаме жена на оваа функција. Ќе го пробивам патот. Насекаде гледам многу умни, посветени жени, кои ќе ги носам во срцето“, рече Давкова.

Таа во обраќањето рече и дека зад сите успешни жени стојат прекрасни мажи како нејзиниот сопруг, а ги спомена и волонтерките и волонтерите кои работеле со неа во кампањата.

„Моето мото е не опкружувајте се со обожавателки, туку со критичарки“, рече таа.

Наглси дека во нејзиниот тим, како и програмата отпечатена на сите јазици имало Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, а таков ќе биде и нејзиниот кабинет. Сепак, како што рече Давкова, првиот и основен критерум за неа се стручноста и комптентноста, а потоа припадноста.

„Ние мораме не само да ја феминизираме политиката, туку и да им помогнеме на мажите да сфатат дека не смееме да се откажуваме. Треба да го следиме ритамот на природата, таа е совршен креатор. Не го знам точно соодносот на мажите и жените во слендиот парламентарен состав, но сакам да направиме чекор напред од оние 42 проценти. Имало тука прекрасни моменти, имало и судири. Но, ние жените тука и во клубот на пратеничките и кога одевме надвор умеевме да ја претставиме Македонија како умна, стамена, достоинствена жена. Не случајно држава, политика, демократија и Македонија се во женски род. Помогнете им пратеници – витези на жените да го изразат тоа што го имаат, а не можеле досега. Сите вие ќе бидете горди на Македонија, како што јас сум на мојот народ“, рече Силјановска Давкова.

Таа го спомена и експремиерот од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека се одважил да ѝ се јави, наместо само да и упати честитка преку „Фејсбук“ и дека разговарале, а потоа додаде дека со жените ќе се менуваат и мажите политичари.

Од пратениците побара да имаат разбирање за нејзината меритократија во надворешната политика, разбирање за потребата од владеењето на правото, или, пак, нејзините евентуални вета.

По нејзиното обраќање, седницата беше завршена.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Македонија

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Read more

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Read more

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Read more
 

Вести

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Читај повеќе

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе