Силјановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.

Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.

Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.

Таа нагласи дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Бугарскиот претседател Радев укажа на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Во разговорот двајцата соговорници се согласија за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Read more

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Read more

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Read more

Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе