Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

Европската Унија ѝ честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.

Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.

реклама

Македонија

Муцунски: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било

Read more

Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Read more

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на Aнтикорупциска која споделувала службени тајни на Viber

Read more

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Read more
 

Вести

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Читај повеќе

Муцунски: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било

Читај повеќе

Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Читај повеќе

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на Aнтикорупциска која споделувала службени тајни на Viber

Читај повеќе

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Читај повеќе

Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал

Читај повеќе

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

Читај повеќе

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Читај повеќе
  • play_arrow

Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Читај повеќе