Силјановска: Не коментирам пораки од Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку Скандинавци

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за евроинтеграција на земјата, но смета дека и ние и соседите може да се однесуваме поинаку.

Одговарајќи на новинарско прашање денес на одбележувањето на Денот на Европа, претседателката Силјановска-Давкова рече дека во Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување па сè до обраќање до генералниот секретар на Обединетите нации, како и можност за постапка пред Меѓународниот суд на правдата за непочитување на договорот. Претседателката потсети дека тоа е истиот суд чија пресуда Грција не ја почитуваше, но сепак е механизам што постои и е гарантиран за секоја членка.

„Јас не можам да го спречам во тоа. Точно е дека Преспанскиот договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека тоа е во духот на развивањето на пријателските односи. Јас мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да погледнеме, да фрлиме поглед врз културната дипломатија. Таму на поинаков начин ги решаваат проблемите. Мислам дека и ние со соседите би можеле, во пријателски дух, да се обидеме да се однесуваме на поинаков начин. И денеска тоа го кажав, малку да бидеме Скандинавци“, рече претседателката Силјановска-Давкова.

Грчкиот премиер Мицотакис во неколку наврати на јавните настапи во Грција укажа на дека европскиот пат на нашата земја минува низ Грција и може да биде затворен ако не се почитува Преспанскиот договор.

„Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат што поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, рече грчкиот премиер Мицотакис откако претседателката Силјановска-Давкова, давајќи заклетва во Собранието, не ги изусти зборовите Република и Северна, туку кажа само Македонија.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Read more

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Read more

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Read more

Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе