Силна контрола и казни за семејни прослави, најави Филипче

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од COVID-19 кој е во пораст.

– Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените се должи на непочитување на мерките, пред сè групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно забoравија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризикот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

Тој оцени дека апсолутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затвoриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи.

Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во однос на бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите.

Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе