Симболика на прстенот низ вековите и културите

Прстенот, односно неговиот облик, кругот, симболизира вечност, постојано движење, единство, поврзаност, заедничка судбина. Центарот на кругот ги претставува вратите кои водат во некој правец кој може да биде познат или непознат, судбината која треба да ја оствариме или вечната љубов.

Прстенот за првпат се споменува во приказната на Херодот кој раскажува како Поликрат фрлил прстен во морето за да добие милост од боговите.

Сенаторскиот прстен од римскиот период бил симбол на авторитетот, честа и достоинството, а за негово носење имало посебно правило кое се нарекувало lus annuli aurei. Кралевите или царевите носеа прстен како знак дека поседуваат авторитет, но исто така им служел и како печат.

Прстенот ја означува поврзаноста, па во тој случај се јавува како знак на сојужништво, совети и заедничка судбина. Па така, секој нов папа на церемонијата на посветување добива нов прстен на кој е изгравирано неговото име.

Венчалниот прстен ја претставува врската помеѓу двајца луѓе. Во почетокот ги изработувале од грозје, а потоа од злато со мотив на две преклопени дланки, што било симбол на доверба помеѓу мажот и жената. Во таков облик прстените била правени од XII до ХVIII век со изгравирани љубовни натписи.

Кај Грците, прстенот бил заштитник на љубовта, односно бракот на двајца луѓе. Прстенот преставувал предмет со кој жената се врзувала за судбината на нејзиниот маж и припадноста кон него.

Со пристигнувањето на христијанството, бурмата станува annulus fidei односно симбол за верност. Да дадете некому прстен значи дека сте се ветиле на таа личност. Прстенот ја симболизира врската помеѓу душата и телото. На пример, римските, келтските и германските војници носеле прстени со надеж дека нивната врска ќе ја сочуваат и во текот на битката.

На прстенот, во минатото му се придавала и магиска моќ, се носел како талисман во комбинација со метал или полудраг камен. Најмногу бирале злато и посветувале внимание во изборот на драг камен.

Во сите цивилизации, кралевите и свештениците носеле исклучителни драги камење, не само заради нивната убавина туку и заради симболичката вредност. На пример, прстенот со дијамант бил симбол на совршенство и духовна моќ, сафирот во христијанствотоо бил симбол на божествена правда, а смарагдот камен на пророците, аметистот каменот на скромноста.

Во Египет, исто така се пронајдени прстени како дел од погребната опрема на фараоните. Кај Викинзите прстенот бил симбол на лојалност и вредност. Кралот го дарувал на своите војници во знак на благодарност. Со тие прстени биле и погребувани.

Првиот веренички прстен со дијамант потекнува од 15 век. Оваа традиција ја започнал војводата Максимилијан од Австрија кој го подарил на сопругата Марија Бургендланска.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе