Стратегот на мадридски Атлетико смета дека Роналдо е фудбалер број еден во светот, но вечерва неговиот тим нема да игра само против него туку против цела една одлична екипа.
„Тој секогаш игра добро против нас. Тој е број еден, неверојатен играч. Секогаш знае како да му создаде проблеми на противникот. Но, не мислам дека ќе биде само Роналдо против Атлетико“, вели Симеоне.
„Се радуваме што ќе играме на овој убав стадион. И сакаме да одиграме одличен натпревар. Ќе биде одличен натпревар против многу силен и цврст тим“.
Диего Симеоне мора да го совлада Јувентус среде Торино за да дојде до првото место во групата. Тоа ќе биде неверојатно тешка задача, но не и невозможна.
„Сакаме да се квалификуваме и да завршиме први во групата, ако е можно. Од нас зависи. Ќе играме против еден од најдобрите тимови во ова натпреварување, тоа значи дека ќе треба да бидеме смирени и да одиграме паметно за да ги освоиме трите бода“, заврши аргентинскиот стратег.
Јувентус го пречекува Атклетико вечерва од 21 часот во претпоследното коло од групата Д. На табелата води Јуве со 10 бода, три помалку имаат гостите од Мадрид.