Македонската репрезентативка на Светското првенство во алпско скијање, што се одржува во Сент Мориц, Лидија Симјановска (16), нема да настапи во второто возење од главната трка, по која ќе биде позната новата светска првенка во велеслалом.
Симјановска, квалификациите ги заврши на 46 место од вкупно 75 натпреварувачки, со време од 2:24.92 минути, избори настап во главната трка согласно правилата дека секоја земја може да пријави еден натпреврувач доколку ги завршил квалификациите.
Првото возење во главната трка, Симјановска, го заврши на 82 место, но судиите на патеката по прегледувањето на снимката од нејзиното возење утврдиле неправилности и донеле одлука да ја дисквалификуваат македонската репрезентативка.
Инаку по првото возење прва е Францусинката Теса Ворли (1:02.01 минути), пред Италијанката Софија Гоџиа и Американката Михаела Шифрин.