УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Симов: Во Баку дојдовме по исполнување на сонот

Силекс денеска игра во квалификациите од Лигата на шампиони во еден решавачки натпревар на гости кај азербејџански Карабаг.

Симов (десно) на прес-конференцијата

Тренерот на кратовскиот тим, поранешниот голман Горан Симов, вели дека неговите играчи во овој натпревар гледаат како остварување на сонот со настап во Лигата на шампиони, макар што се работи за квалификациски натпревар.

„Карабаг е силен тим, кој што има неколку репрезентативци. Дојдовме тука за исполнување на сонот. Не размислуваме за пари. Дојдовме да го исполниме сонот. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а сега играме во Лигата на шампиони. Резултатот може да биде 0:0, 0:5 или 0:7, нема разлика. Важно е да ја доживееме емоцијата на Лигата на шампионите“, рече Симов на вчерашната прес-конференција во азербејџанската престолнина.

Пред заминувањето за Азербејџан, Силекс прво направи тестирање на целиот тим, а резултатите на сите беа негативни на COVID-19.

Експедицијата на Силекс го напушта аеродромот во Баку

Силекс ја претставува фудбалска Македонија во Лигата на шампионите на сметка на Вардар. ФФМ не прогласи првак во прекинатото македонско првенство, но одлучи екипите да одат во европските натпреварувања според актуелниот пласман во моментот на прекинот. Но, бидејќи Вардар не доби УЕФА лиценца, Силекс како второпласиран го зема неговото место во Лигата на шампиони.

„Силекс е млад тим и возбудени сме што тимот ќе игра во Лигата на шампиони. Никој не ни даваше шанса, но во финишот на првенството одигравме одлично и еве нѐ во ова натпреварување“, вели Симов.

Кратовчани синоќа одржаа и тренинг сесија на „Тофик Бахрамов“ стадионот на кој денеска од 18 часот по македонско време (20 по локално) ќе се игра натпреварот. Бидејќи се игра еден натпревар без реванш, доколку по 90 минути нема победник ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а доколку и тогаш нема победник ќе се шутираат пенали. Правдата ќе ја дели украинскиот судија Јарослав Козик.

Од вчерашниот тренинг на Силекс

За Силекс ова ќе биде трето учество во Лигата на шампионите и прво по летото 1998 кога уште во првото коло беше елиминиран од белгиски Бриж. Една сезона претходно ја доживеа истата судбина играјќи против израелски Бејтар.

Фото: ФК Силекс Кратово

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе