Симптоми кај децата кои никогаш не треба да ги игнорирате

Правилното дешифрирање на симптомите кај децата е важен дел од родителството и може да ве спаси од непотребна паника, но и да биде сигнал дека треба да го посетите педијатарот.

Вие најдобро го познавате вашето дете. Доколку забележите нешто чудно во неговото однесување, тогаш не плашете се да побарате објаснување од лекарот или да побарате второ мислење доколку не сте добиле јасен одговор.

Важно е да знаете што значат некои симптоми кај децата.

Отсутност на реакција

Откако ќе се наспие, детето треба да биде активно. Доколку забележите дека вашето дете се буди потешко, невообичаено е тивко, не е заинтересирано за неговата омилена играчка и е неактивно, заминете на лекар.

Промени во дишењето

Доколку детето се заморува брзо, има краток здив или слушате некој чуден звук додека дише, заминете на лекар. Кашлицата може да биде предизвикана од астма или некоја друга болест.

Исто така, доколку забележите дека има чудна боја на кожата околу устата и ноктите, реагирајте веднаш.

Дехидрација

Нашиот организам мора да има доволно вода за да работи правилно. Дехидрацијата е недостаток на вода и тоа може да доведе до посериозни проблеми, но водата не се губи кога детето ќе се испоти, туку кога е болно, повраќа или има дијареа.

Поради недостаток на вода во организмот детето нема енергија или често се лути, има главоболка или не може да изврши мала нужда. Доколку не сака да пие вода, најдете некој интересен начин преку игра за да го прави тоа.

Покачена температура

Грозницата може да биде застрашувачка, но тоа е нормален дел од процесот на одбрана на организмот од болести. Меѓутоа, некогаш е потребно да заминете на лекар. Доколку детето има температура, но се однесува нормално и е активно, не грижете се. Кашлицата и другите симптоми бараат поинаков третман.

Заминете на лекар доколку:

1. Новороденчето и бебето до 3 месеци има температура 38 степени

2. 3-6 месеци – 39 степени

3. 6-24 месеци – 39 степени во траење од 24 часа

4. Деца – 39 степени во траење од 72 часа

5. Тинејџери – 39,5 степени и температурата трае 3 или повеќе денови

Непрекинато плачење

Доколку вашето дете плаче неутешно подолго време, заминете на лекар. Можеби има алергиска реакција или внатрешна температура.

Често мокрење проследено со губење на телесната тежина, жед и летаргичност

Посветете внимание на тоа колку често детето оди во тоалет. Исто така, дали многу често пие вода и нема енергија. Ова можат да бидат знаци за дијабетес тип 1. Доколку забележите некој од овие симптоми, консултирајте се со лекар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе