Симптоми на недостаток на 3 витамини: Опаѓање на коса, болка, замор

Многу диети денес препорачуваат ограничен внес на масти, бидејќи се плашиме од вишок килограми и висок холестерол. Но, мастите се важни во исхраната и доколку не ги внесуваме доволно, ќе имаме повеќе проблеми кои можат да се манифестираат со сериозни симптоми, па дури и да остават последици по здравјето.

Ако не јадеме масти, телото не може да ги апсорбира витамините А, Д и К, што го зголемува ризикот од загрижувачки симптоми. Знаци дека не сте земале доволно од овие витамини се:

  • отечени непца
  • лесно настанување на модринки
  • сува коса
  • заби кои се клатат
  • депресија
  • болки во мускулите
  • сгрутчување на крвта под ноктите
  • ноќно слепило
  • проблеми со плодноста

Мастите се неопходни за многу процеси во организмот, па доколку ги нема, ќе се појават и овие симптоми. Многумина дури и не знаат дека мастите се клучни за многу молекули кои дополнително градат клетки кои го контролираат одговорот на телото на воспаленија. Ако не јадеме доволно масти, може да се појават овие симптоми:

  • дерматитис
  • бавно зараснување на раните
  • опаѓање на косата
  • чести инфекции

Мастите треба да сочинуваат околу 35% од внесените калории во текот на денот, што би значело дека при диета од 2.000-2.500 калории дневно, треба да внесуваме од 66 до 97 грама масти.

Некои од нив ќе бидат заситени, како што се јајцата, месото или млечните производи, но други треба да бидат мононезаситени или полинезаситени. Таквите масти се наоѓаат во:

  • маслинки
  • маслиново масло
  • масни видови риби
  • јаткасти плодови

Затоа, внимавајте на внесот на масти бидејќи тие се всушност неопходни за телото да остане здраво, а непотребно се ослободувате од нив доколку сте на рестриктивна диета.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе