Симптоми на рана бременост за кои ретко се зборува, а треба да ги знаете

Секој знае за класичните знаци на бременост: доцнење на месечниот менструален циклус, чувствителни гради и умор.

Но, раната бременост може да ја најават и некои други симптоми за кои треба да знаете бидејќи за нив ретко се зборува.

Исцедок

Иако многу жени имаат исцедок, тоа не е често поврзано со бременост, но повеќето трудници лачат леплива, бела или бледожолта слуз во првото тримесечје, па и во текот на целата бременост. Исцедокот е предизвикан од зголеменото ниво на хормони и вагиналниот проток на крв. Треба да посетите лекар кога исцедокот ќе почне да добива чуден мирис, ќе почувствувате пецкање и/или јадеж, исцедокот има зеленикаво-жолта боја или станува многу густ или разводнет. Овие може да бидат знаци на инфекција.

Телото ќе ви стане потопло

Кога ќе се разбудите наутро по овулацијата, температурата на вашето тело е малку зголемена и останува така сè додека не ја добиете следната менструација. Но, ако оваа температура, позната како базална температура, остане покачена повеќе од две недели, можеби сте бремени.

Главоболки, грчеви и нагони за уринирање

Хормоналните промени и промените во волуменот на крвта за време на бременоста може да доведат до главоболки. Некои жени имаат и грчеви налик на оние предменструалните, од двете страни на долниот дел на стомакот. Повеќето трудници често одат во тоалет, а тоа е затоа што матката веќе почнала да расте и врши притисок врз мочниот меур.

Вртоглавица

Не е невообичаено бремените жени да имаат вртоглавица во првото тримесечје. Бременоста доведува до пад на крвниот притисок и проширување на крвните садови. Важно е да обрнете големо внимание на вашите симптоми. Тешка вртоглавица во комбинација со вагинално крварење и силна болка во стомакот може да биде знак на вонматерична бременост и важно е да се посети лекар за да се избегнат компликации опасни по живот.

Запек

Можеби се чувствувате надуено, но не можете да одите во тоалет. Ова е затоа што хормоналните промени во бременоста, како и пренаталните витамини, можат да доведат до запек. Вашиот дигестивен систем забавува за време на бременоста. Ова им дава на хранливите материи доволно време да се апсорбираат во крвотокот и да стигнат до вашето бебе. Ако имате запек, додадете повеќе растителни влакна во вашата исхрана и пијте многу течности. Доколку е потребно, можете да се консултирате со вашиот лекар за тоа.

Лажна менструација

Приближно 25 до 40 проценти од бремените жени ќе крварат малку или ќе забележат дамки крв во раната бременост. Мало крварење може да се појави кога оплодената јајце-клетка се прицврстува на обвивката на матката. Ова е познато како крварење од имплантација и е вообичаено околу две недели по зачнувањето. Крварењето може да биде предизвикано од иритација на грлото на матката, вонматерична бременост или како „закана“ за спонтан абортус. Побарајте медицинска помош ако слабото крварење се интензивира или е придружено со силни грчеви и болки во грбот.

Симптоми на настинка и грип

Бременоста го намалува вашиот имунитет и тоа значи дека сте повеќе склони кон кашлање, настинка и грип. Не е невообичаено бремени жени во рана бременост да имаат симптоми на настинка или грип. Бремените жени се поподложни на тешки форми на грип. Ова може да доведе до сериозни здравствени проблеми за вашето бебе, па затоа е подобро да се одлучите за опцијата, доколку секако можете, да останете дома некое време, во кревет.

Промени во расположение

Хормоните одеднаш се менуваат кога ќе забремените што ве прави да се чувствувате невообичаено раздразливо и емотивно. Вашето либидо оди од топло на ладно, а потоа повторно се враќа на жешко. Ќе забележите и нагли промени во расположението. Ова е вообичаено за време на раната бременост.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе