Симптоми што може да предупредат на срцев удар 24 часа порано

Ново истражување сугерира дека симптомите кои укажуваат на срцев удар може да се појават пред да се случи, а нивното препознавање може да спаси животи.

Девет од десет луѓе кои доживеале ненадеен срцев удар надвор од болницата умираат, често во рок од неколку минути. Една од причините за високата стапка на смртност е верувањето дека срцевиот застој се случува ненадејно, без никакво предупредување.

Сепак, новото истражување покажува дека препознатливите симптоми може да се појават пред срцев удар, што им дава шанса на луѓето да реагираат навреме.

Кај мажите главен симптом е ненадејна болка во градите, додека кај жените ненадејна појава на отежнато дишење.

Овие знаци можат да се појават и до 24 часа пред срцев удар, пишува Healthy.

„Дури 50% од мажите и жените ги пријавуваат овие симптоми пред срцев удар“, вели д-р Сумет Чуг.

Срцев удар се јавува кога срцето наеднаш престанува да пумпа крв. Тоа е предизвикано од одредени видови на аритмии или неправилности на срцевиот ритам што го спречуваат срцето да работи нормално.

Првиот знак на срцев удар е често губење на свеста, проследено со брзо влошување на состојбата. Секоја минута без помош го зголемува ризикот од смрт за 10%, а по 10 минути повеќето луѓе нема да преживеат, предупредува д-р Чуг.

Препознавањето на раните знаци може значително да ги зголеми шансите за преживување.

Д-р Чуг и неговите колеги истражувале поединечни симптоми и групи на симптоми кои се јавуваат пред срцев удар, споредувајќи ги со податоци од луѓе кои исто така побарале итна медицинска помош, но не доживеале срцев удар.

Резултатите покажаа дека 50% од 823 луѓе кои доживеале ненадеен срцев удар во присуство на сведоци или итна медицинска помош пријавиле најмалку еден симптом во 24 часа пред настанот.

Слични резултати беа забележани и во Орегон.

„Иако многумина ги игнорираат овие симптоми, повикувањето Брза помош штом ги забележите може да ви го спаси животот“, вели докторот.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Здравје

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Read more

Дали навистина солената вода помага при болки во грлото?

Read more

Како да спречите грчење на очите: Откријте ги причините и ефективни методи за превенција

Read more

Зошто е потребно почесто да се консумира јачмен: Голем број здравствени придобивки

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе