Гејминг

The Sims конечно доаѓа на iOS & Android и ќе биде бесплатна

19. мај 2017 - 14:02 | Д.Л.

17 години откако заразната игра беше лансирана, EA Games објави дека конечно ќе ја донесе играта на мобилните телефони.

Едноставно наречена The Sims Mobile, играта ќе биде бесплатна за симнување на Android и iOS уреди. Од трејлерот, се чини дека мобилната верзија ќе има многу слични функционалности со PC играта, a ќе има и можност за поврзување со пријателите.

Во некои држави, играта е веќе достапна за симнување, а во наредниот период ќе стане глобално достапна.

Од другите гејминг вести, Pro Evolution Soccer доаѓа во септември.

Коментирај