Синдикатот на УКИМ го одложи протестот, за барањата ќе има дијалог со МОН и МФ

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска донесе одлука да го одложи протестот што беше најавен за 30 јуни бидејќи добиле одговор од Владата  дека за нивните барања ќе разговараат со надлежните министерства.

-Ве информираме дека од Владата на РСМ добивме одговор на нашите барања за потпишување колективен договор и покачување на платите со кој се задолжуваат министерствата за образование и наука и за финансии за разговори во врска со нашите барања, и покрај тоа што основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е Собранието, со кое Синдикатот водеше преговори и го усогласи во целост нормативниот текст од колективниот договор, освен делот на покачување на платите, се наведува во соопштението.

Сојузот на синдикати на УКИМ очекува дека Владата и двете министерства ќе ги разгледаат нивните, како што наведува „оправдани и разумни барања и позитивно ќе одговорат“ и додава дека со одлуката за одложување на протестот сакаат да овозможат егзистенцијалните барања да ги остварат низ дијалог.

-Но, доколку нашите барања не бидат прифатени, ќе организираме протести и септемвриската испитна сесија нема да биде спроведена, стои во дописот од Сојузот на синдикати на УКИМ потпишан од неговиот претседател проф. д-р Ангел Ристов.

Синдикатот на УКИМ на 2 јуни го изрази незадоволството пред Ректоратот на Универзитетот, а задутре требаше да организира мирен протест пред Владата кој со денешната одлука е одложен. 

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Македонија

МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени

Read more

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за МОН

Read more

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски

Read more
benzinska.jpg

Цената на дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Read more
 

Вести

МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени

Читај повеќе

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба во Скопје

Читај повеќе

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за МОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде беше досега Џек Ма?

Читај повеќе

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе

Саудиски гигант и Кина се договорија за огромен нафтен проект

Читај повеќе

Како Вучиќ сфатил дека ќе има војна во Украина без Путин да му каже директно?

Читај повеќе
benzinska.jpg

Цената на дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Читај повеќе

Судењето против Латас и Лазаров се одложи за 10 мај

Читај повеќе