Јаник Синер испиша историја изминатава година кога ја заврши сезоната како најдобар играч во светот и со тоа стана првиот Италијанец во историјата на „белиот спорт“ на кого тоа му успеало. Следната година има уште потешка задача, задржување на истото ниво на доминација. Тенисот има сѐ повеќе предизвикувачи, па задачата да се остане на врвот на АТП ранг-листата нема да биде воопшто лесна.
Неодамна беше гостин на Ферари на последната трка од Формула 1 сезоната во Абу Даби, каде го коментираше Макс Верстапен, со кого сака да го споредуваат:
„Разговаравме неодамна, разговаравме за некои негови изјави. Тој вели дека не брка рекорди затоа што му е важно да биде со семејството. Ниту јас не бркам рекорди. Ние сме спортисти, но и луѓе. Пријателите и семејството се најважни. Ќе се обидам да го постигнам во тенисот она што тој го постигна во автомобилизмот. Овие денови во Дубаи почнувам со подготовки за новата сезона“, рече Ситен на прашање на Il Corriere dello Sport.
📸 SPOTTED 📸
— Tie Break Tens (@tiebreaktens) December 10, 2024
World No.1 Jannik Sinner at the Abu Dhabi Grand Prix 😎#tennis #jannik #atp pic.twitter.com/ehDxydjoqh
Ако Синер е паралела на Верстапен, логичен заклучок е дека тогаш Карлос Алкарас е како Луис Хамилтон?
„Хамилтон е поискусен, тешко е да се направи споредба. Но, стабилноста и издржливоста на Макс се импресивни. Јас имам само 23 години, а не 27 како него. На врвот сум само една година, но целта не му да бидам таму уште три, туку да бидам во игра и на 30. Сезонава беше феноменална, но сѐ може да се промени“, изјави играчот број еден во светот.
🇮🇹 Jannik #Sinner nel box Ferrari 🏎️
— Luca Fiorino (@FiorinoLuca) December 8, 2024
📸 @F1ingenerale_ pic.twitter.com/a4FbJUHsF4
Синер има многу бодови за одбрана следната година, бидејќи оваа година ја заврши со дури 11.830. Следната сезона амбициите остануваат исти, а тука е и желбата за одмазда:
„Ако погледнам наназад, со најголемо жалење го напуштив Вимблдон, тоа ме потсетува на поразот во четвртфиналето. Играв многу добро до таа средба против Даниил Медведев. Спортот е непредвидлив, ќе видиме што ќе се случи следната година“.
Нема да мора долго да чекаме за враќање на „белиот спорт“, бидејќи на 13 јануари започнува Австралија опен, каде повторно ќе имаме можност да ги гледаме најдобрите светски тенисери во директни дуели за прв Грен слем на сезоната. А, меѓу нив ќе биде и Новак Ѓоковиќ кој брка 25-ти Грен слем и 100-та титула во кариерата.