Првиот тенисер во светот Јаник Синер (23) ги претстави новите членови на својот тим.
Тоа се физиотерапевтот Марко Паничи и фитнес тренерот Улисес Бадио. Двајцата беа во тимот на Новак Ѓоковиќ додека не добија отказ во првата половина од оваа година, како и Горан Иванишевиќ.
Јаник Синер го освои УС Опен оваа година, но подоцна беше откриено дека паднал на два допинг теста. Италијанскиот тенисер поради ова не беше казнет, што предизвика бројни контроверзии. Нему му беше откриена илегалната супстанца клостебол, за која тврдеше дека му ја втрил во кожата поранешниот физиотерапевт Џакомо Налди. Набрзо го отпушти Налди, како и неговиот тогашен фитнес тренер Умберто Ферара.
Синер е многу добар на грен слемовите оваа сезона. Во јануари го освои Австралија опен, на Ролан Гарос стигна до полуфиналето, каде загуби од Карлос Алкарас, а на Вимблдон беше елиминиран во четвртфиналето од Данило Медведев.