австралија опен 2025

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Макфакс/Кајгана
/ 26.01.2025 / 14:00

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен. Првиот носител во финалето го победи Александер Зверев со 6:3, 7:6, 6:3. Мечот траеше 2 часа и 42 минути.

Синер ја освои третата Грен слем титула во кариерата, откако минатата година победи во Мелбурн, а потоа и на УС опен.

Зверев и во третото Грен слем финале остана со празни раце. Претходно доживеа пораз од Доминик Тим на УС опен во 2020 година и од Карлос Алкарас на Ролан Гарос во 2024 година.

Италијанецот ја продолжи доминацијата, ја забележа 21. последователна победа, вклучувајќи го и крајот на минатата сезона. Синер ќе остане прв на АТП листата, сега со повеќе од 3.000 поени пред второпласираниот Зверев.

Колку Јаник беше доминантен во мечот за трофејот говори и фактот што Зверев немаше ниту една брејк шанса во текот на целиот меч.

Синер во првиот сет му го одзеде сервисот на противникот во осмиот гем. Во вториот сет, во тај-брејкот, клучен беше деветтиот поен, кога при резултат 4:4, топчето по ударот на Синер удри во сајлата и падна таму каде што Зверев не можеше да стигне.

Во третиот сет, Италијанецот направи брејк во шестиот гем.

Remote video URL
реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Тенис

Родителите на Синер одбиле да седат во Кралската ложа на Вимблдон

Read more

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Read more

Четири години суспензија за поранешната шампионка на Вимблдон

Read more

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Read more

Спорт

ФИФА отвори истрага за срамното однесување на Аргентина по финалето против Шпанија

Читај повеќе

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Читај повеќе

ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценца за настап во новата сезона

Читај повеќе

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Читај повеќе

Де ла Фуенте не ги криеше емоциите: Погорд сум од кога било во мојот живот, ова е генерација за вечност

Читај повеќе
  • play_arrow

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Читај повеќе
  • play_arrow

Отаменди ги нападна поранешните соиграчи: Цела недела кукавте, двајцата…

Читај повеќе