АТП СИНСИНАТИ 2024

Синер ја освои петтата голема титула сезонава и се зацврсти на врвот на АТП

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја продолжи сезоната од соништата освојувајќи го Мастерс 1000 турнирот во Синсинати победувајќи го Френсис Тиафо во два сета со 7:6 (4) и 6:2.

Моментално најдобриот тенисер на светот, според АТП листата, го освои петтиот турнир од 11 што го играше годинава, а Тиафо, освен борбата во првиот сет, не беше достоен ривал и тоа пред својата публика.

Во првиот сет видовме вистинска борба и одлични сервиси од двете страни. Во 12 гема немаше брејкови, па сетот беше одлучен во тај-брејкот.

Таму подобро се снајде младиот Италијанец, кој освои 3 поени на сервис на противникот и со 7:4 во тај-брејкот поведе во дуечот.

Вториот сет беше рутинска работа. Веќе во првиот гем направи брејк, а потоа го удвои при резултат 3:1 и лесно го приведе мечот до крај со резултат 6:4.

Remote video URL

Така Италијанецот стигна до својата петта титула во 2024 година, но и 15-та во кариерата, со која се зацврсти на врвот на АТП листата.

Да потсетиме, синоќа на истиот турнир женската титула ја освои третата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, која ја совлада и миленичката на тамошната публика. Белорусинката беше подобра од Џесика Пегула со 2:0, по сетови 6:3 и 7:5.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Тенис

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Голем пад за Ноле, доаѓаат нови млади асови

Read more

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе