Синер отпушти двајца блиски соработници

Макфакс/Кајгана
/ 24.08.2024 / 13:40

Јаник Синер, светскиот тенисер број еден, ја прекина соработката со фитнес тренерот Умберто Ферара и физиотарапевтот Џакомо Налди. Синер реагираше на ваков начин откако пред неколку дена беше отриено дека во март двапати бил позитивен за забранетата супстанца клостебол.

„Ферара и Налди не беа со Синер изминатите недели, но сега се знае дека тоа е трајна, а не привремена одлука“, пренесува Corriere dello Sport.

Токму овие двајца, според тврдењата на Синер, се виновни за ситуацијата во која се најде. Нивното невнимание предизвикало двапати да падне на допинг тестот.

Ферера беше човекот кој не се грижеше само за мускулите на Јаник, тој се грижеше за сите аспекти на неговата подготовка и многу повеќе.

Налди е со Јаник веќе неколку години, поточно откако се откажа од работата во кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња.

После сѐ што се случи некој мораше да го плати цехот, а Синер реши тоа да бидат Ферара и Налди.

Синер од 26 август ќе биде првиот носител на последниот Грен слем во сезоната, УС опен.

Тагови
реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Тенис

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Голем пад за Ноле, доаѓаат нови млади асови

Read more

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе