Фудбалерот на Монако, Вилфрид Синго, му се извини на голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, за опасниот старт од кој заработи бројни исеченици и повреди на лицето.
Фудбалерите на ПСЖ во средата победија на гостувањето кај Монако со 4:2 во натпреварот од 16-тото коло на француската Лиг 1. И покрај шесте гола, натпреварот остана во сенка на бруталната повреда на италијанскиот голман кога во 17. минута Синго со копачката го удри во лицето, а потоа Донарума мораше да биде заменет.
„Сакам искрено да му се извинам на Донарума. Мојот потег не беше намерен, но подоцна можев да видам дека се здобил со сериозна повреда. Ти посакувам брзо опоравување“, изјави репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.
Интересно, Синго за стартот не доби ниту жолт картон, бидејќи судиите постапија согласно правилата за ненамерен старт.
ПСЖ по натпреварот објави дека Донарума ќе мора да паузира неколку дена, бидејќи „заработил повреди на лицето со бројни рани“. Во текот на денот ќе му бидат извршени подетални прегледи.
Tutto bene 🤌🏽 pic.twitter.com/9b57Egr4Aw
— GIANLUIGI DONNARUMMA (@donnarumma) December 19, 2024