Синот на Буфон доби репрезентативен повик, но не од Италија

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја заврши кариерата пред две години, но презимето Буфон ќе продолжиме да го гледаме на фудбалските терени во наредните години.

Синот на Џанлуиџи, Луи Томас Буфон има 17 години и прераснува во професионален фудбалер, но интересно е што нема да тргне по стапките на својот татко кога е во прашање репрезентацијата.

Имено, Луи Буфон доби повик во репрезентацијата на Чешка, а не во Италија, што изненади многу фанови, но причината е сосема очигледна.

Луи Буфон има чешко државјанство бидејќи неговата мајка е Чехинка. Тоа е поранешната сопруга на Џиџи Буфон, Алена Шередова. Џиџи и Алена го добија Луис во 2007 година, а беа во брак од 2011 до 2014 година, кога се разведоа. Легендарниот голман денес е во брак со Иларија Д'Амико, италијанска ТВ водителка.

Сега Луи очигледно е многу поблиску до репрезентацијата на земјата од која потекнува неговата мајка и доби повик во кадетската селекција, додека на клупски план настапува за италијанската Пиза, каде што настапува во У19 екипата (две години постара генерација од неговата).

Оваа сезона Луи Буфон одигра 18 настапи за Пиза во Примавера лигата и постигна 4 голови. Игра во нападот, како крило.

Чешките медиуми пишуваат дека Луи ја прифатил поканата на нивната репрезентација и ќе се појави на собирот за мартовскиот турнир во Португалија, каде Чесите ќе се соочат со Англија, Франција и домашната селекција.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Фудбал

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Read more

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Read more

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Read more

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе