Синот на Дејвид Боуви сними филм инспириран од музичката легенда
Новиот филм на Данкан Џоунс, синот на славниот музичар и уметник Дејвид Боуви е инспириран од односот на режисерот со татко му.
Дејството во научно-фантастичниот трилер „Mute“ е сместено во берлин во 2052 година, а централна тема е родителството. Главната улога во филмот ја игра Александар Скарсгард.
„Сметам дека голем дел од филмот доаѓа од подтекстот, а за тоа ќе станам свесен со тек на време“, рече Џоунс (46).
„Голем дел од приказната е за природата на родителството. Што ве прави добар родител?“, рече режисерот за британски „Тајмс“.
Данкан Џоунс рече дека првата верзија на сценариото ја напишал уште пред 15 години и му ја покажал на Боуви. Сега одлучил да се врати на таа приказна бидејќи „во неа има многу лични работи“.
Филмот „Mute“ ќе се прикажува на Netflix на 23 февруари.
Данкан е единственото дете од првиот брак на Боуви, со актерката и модел Анџела Боуви.